Турската агенција „Доган“ пренесе дека минатата недела на плажа во Дикилиј, во близина на Измир се пронајдени остатоци од делфин со две глави.
Повикувајќи се на маринскиот биолог Мехмет Гокоглу од Универзитетот Акдениз ,агенцијата наведе дека станува збор за ретка појава која е слична со сијамските близнаци кај луѓето. Како што пренесе „Асошиејтед прес“, во истражувањето ќе учествуваат биолози од Универзитетот Акдениз.
Е. Г.