Поранешниот американскиот конгресмен, Рон Пол вели дека САД знаат многу повеќе од она што го зборуваат за падот на малезискиот авион во источна Украина.
Со цел да внесе рамнотежа и здрав разум во тековната дебата за тоа што се случило со авионот, Пол рече дека е уверен дека американската влада крие информации за катастрофата, пренесе „Русија денес“.
-Американската влада чудно молчи кога станува збор за обвиненијата дека Русија или нејзините сојузници го собориле малезискиот авион со ракетите „бук“ – напиша тој на својот портал. Уште еден настан кој што не е објаснет е тоа што руската војска на денот на трегедијата детектирала како еден украински авион ловец Су -25 му се приближил на малезискиот авион, наведе „Русија денес“.
Киев до сега не даде прифатливо објаснување зошто тој ловец се наоѓал толку близу до патничкиот авион, само неколку моменти пред да биде соборен.
-Сакаме објаснување зошто воениот ловец летал долж цивилниот коридор, речиси истовремено и на исто ниво како и патничкиот авион -наведе рускиот генерал-полковник Андреј Картополов, непосредно по падот на авионот.
Пол ги критикува САД, поради тоа што и покрај тоа што имаат цел арсенал од технологија, немаат ниту мал доказ со кој бил ја решиле мистеријата на малезискиот авион.
-Тешко е да се поверува дека САД не дале прецизни податоци за тоа кој и што направил и покрај тоа што располагаат со сите можни шпионски сателити за следење на се што се случува во Украина, вели некогашниот претседателски кандидат. -Штета што не можеме да сметаме на нашата влада, да ни ја каже вистината и да ни ги покаже доказите -наведе Пол и додаде дека е уверен дека американската влада знае многу повеќе од она што го зборува.
Е. Г.