Уникатни парчиња облека од кучешки влакна на чешкиот пазар

Од:

Љубителите на уникатни парчиња облека, можат да купат интересни производи плетени од кучешки влакна, во чешкиот град Прибор на Новојичинска, во југоисточниот дел на земјата.

Марсела Скупникова, која ја реализира идејата, изработува џемпери од бобтеил, здолништа од сибирска хаска, шалови од алјаски маламут или шамии и ќебиња од бордер коли, облека која не може да се најде во ниедна друга продавница.

– За еден џемпер ми треба половина килограм од кучешки влакна. Не е важно од каква раса се влакната, но услов е тие да се чешлани, а не истрижани, додава Скупникова.

marsela-skupnikova1

Скупникова, која оваа работа ја започнала како хоби уште пред десетина години, објаснува дека најкратки влакна од кои може да се добие „кучешка волна” се оние на сибирските хаски, пренесе дописникот на МИА од Прага.

Влакната најпрвин се перат, сушат и потоа се прават клопчиња од кои рачно се плете облеката. За еден џемпер се потребни три месеци, а чини околу 30 евра. Според Скупникова, нарачките најчесто се од луѓе кои сакаат нешто да им остане за спомен од нивните миленичиња.

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ