Претставник на тајландската воена хунта денеска соопшти дека сегашните власти го прифатиле предлогот на Малезија да посредува во решавање на тензичните меѓуетнички и религиски односи во јужниот дел на државата кој се граничи со Малезија.
Во преговорите ќе биде вклучена и промалезиската исламистичка група „Барисан Револуси Национал’’ чии припадници се обвинети за неодамнешниот напад со камион-бомба во градот Бетонг при што загинаа и беа ранети 20 лица.
Претставникот на воената хунта, генералот Банпот истакна дека не доаѓа в предвид каква и да е дискусија за евентуална автономија, ниту формирање на посебна провинција на овој дел на Малајскиот полуостров што му припаѓа на Тајланд.
Воените власти, или како што сами се нарекоа Националниот Совет за ред и мир, ќе подготват посебна стапка во буџетот на државата, за периодот од 2015 до 2017 година со што ќе се забрза економскиот раст на ова подрачје, а со поголема опфатеност на децата во училиштата ќе треба да се постигне поголема интеретничка хармонија.