Кафулето посветено на мачките, кое пред една недела е отворено во чешкиот град Карлови Вари, за една недела има исклучително голема посетеност.
Главна карактеристика на овој објект е што меѓу масите се шетаат неколку мали мачиња, кои тука имаат свој простор за играње, одмор и јадење.
Гостите додека седат во кафулето, можат да ги галат мачињата, а со дел од парите за пиењето се помагаат и засолништата за мачки во земјата.
Според сопствениците на необичното кафуле, брачните партнери Јулие и Антон Ружејникови, реализирањето на идејата за која се инспирирале во странство, во Лондон и Виена, воопшто не била лесна поради повеќе прописи за хигиена кои треба да се почитуваат.