Либиските власти побараа меѓународна помош за гаснење на пожарот во резервоар за нафта во Триполи.
Либиската национална нафтена компанија предупреди на „опасност од катастрофа“ во Триполи, откако резервоар со шест милиони литри гориво се запали за време на борбите во земјата.
– Резервоарот се потпалил од ракета, изјави Мохамед ал Храри, портпарол на компанијата.
Во Триполи горивото, како и природниот гас за домаќинства, се складира на едно место, управувано од државната нафтена компанија „Брега“, што се занимава со дистрибуција на нафта и гас.
Храри предупреди дека постои можност од природна и хуманитарна катастрофа, ако огнот се прошири кон останатите резервоари, особено кон резервоарите на природен гас.