Геномот на африкански слон има најголем број на гени поврзани со миризливите рецептори, речиси 2000, тврдат научниците.
Ова значи дека слоновите имаат пет пати повеќе развиено чувство за мирис отколку луѓето, и два пати повеќе од кучињата. Конечно, според студијата, слонот го има преземено првото место на досегашниот шампион – стаорецот.
Очигледно, носот на слонот не е само најдолг, туку и најуспешен, изјави водачот на студијата Јошихито Нимура од Универзитетот во Токио.
Начинот на кој функционираат миризливите рецептори кај слонот се уште не е точно познат, но очигледно им помага да преживеат низ еволуцијата. Осетот за мирис им помага да најдат храна или партнер и да ги избегнат непријателите.
Научната студија е направена со споредба на миризливите сетила на слонот во однос на други 13 животни меѓу кои кози, зајаци, индиски свињи, крави и шимпанза. Приматите и луѓето имаат најслаби гени за мирис, а Нумура објаснува дека тоа може да се должи на силниот развој на сетилото за вид.