Руската Федерална агенција за воздушен транспорт „Росавијација“ соопшти дека е подготвена на експертите на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ИКАО) да им достави информации поврзани со несреќата на малезискиот авион.
Агенцијата, како што јави ИТАР-ТАСС, информира дека е подготвена од средствата за следење и контрола што се во нејзина надлежност да обезбеди информации за „целите на непристрасната меѓународна истрага за околностите и причините за авионската катастрофа“.
Росавијација е подготвена по потреба да испрати и експерти да помагаат во истрагата за несреќата, се вели во соопштението.