Малезиската авиокомпанија „Малезија ерлајнс“ денеска соопшти дека на семејствата на патниците кои што загинаа во авионот, кој што во четврток се урна во Украина, ќе им дадат почетна помош од 5.000 долари како знак на добра волја.
-Средствата веќе се на располагање за таа цел-прецизираше малезиската национална авиокомпанија, со напомена дека таа финансиска помош нема врска со конечните средства, ниту го загрозова правото на семејствата на жртвите да поднесат тужба.
„Малезија ерлајнс“ исто така соопшти дека на семејствата на загинатите патници ќе им обезбеди хотелско сместување, оброк и помош за превоз.
Е. Г.