За доста кратко време се појавија голем број теории на завера поврзани со уривањето на малезискиот авион „Боинг 777“ во источна Украина.
Повторно се нагаѓаат бројни „вистински“ виновници од илуминати, вонземјани, американската влада до шефицата на ММФ Кристина Лагард. Обид за убиство на Путин Првата теорија на завера доаѓа од службен извор на рускиот медиум „Русија денес“, која изнесе шпекулации дека впрочем вистинска мета на проектилот кој го собори Бонигот бил претседателскиот авион на Владимир Путин и дека зад нападот стои американскиот претседател Барак Обама.
„Русија денес“ тврди дека претседателскиот авион се движел по истата рута само 40 минути подоцна и дека и двата авиони имаат црвена и сина боја на средината на труповите. Она што овој медиум го занемарува е тоа што авионот на Путин има четири млазни мотори за разлика од малезискиот „ Боинг“, кој има само два и лесно може да се види од шарите на трупот кога метата се наоѓа на височина од 10 километри. Освен Обама некои служејќи се со истите аргументи, се обидуваат да го обвинат и семејството Ротхшилд, наводно поради основање на БРИЦС банката која би требло да и биде конкурент на Светската банка.
Сепак се Илуминати
Голем број посетители на социјалните мрежи тврдат дека Илуминатите се одговорни за уривање на летот МХ17, а доказ за тоа им се бројни врски со мистичниот број 7. За појаснување авионот на „Малезија ерлајнс“ МХ17, бил „Боингот 777“ кој за прв пат полетал на 17-ти јули во 1997 година, точно 17 години пред уривање. Исто така јули е седмиот месец во годината и кога тие ќе се соберат 2+0+1+4, повторно се добива бројот седум.
Веб страната посветена на Before It’s News тврди дека најверојатно се работи за обид за започнување на Трета светска војна. Виновен е Израел
Некои пак веруваат дека се работи за тајна операција на Израел, кој најверојатно сака да го сврти вниманието на светот поради офанзивата во Газа. -Вниманието на светските медиуми од Газа е свртено на инцидентот со авионот „МХ17“. Дали е можно Израел да стои зад тоа?
Тоа бил исчезнатиот авион „МХ370“
Најслабо промислена теорија на завера е дефинитивно онаа според која урнатиот авион е всушност исчезнатиот „МХ370“. Еден теоретичар вели дали овој малезиски авион кој го урнаа „терористи“ е истиот кој исчезна пред неколку месеци.
За се е виновна Кристина Лангард
Директорката на ММФ Кристина Лангард во тек на својот говор во Вашингтон зборуваше за моќта на бројот седум. Таа ја употреби нумерологијата за да направи неколку предвидувања за 2014 година, кои се вртат околу „магичниот број“. За бројни теоретичари на завера ова е ултимативен доказ дека Лагард стои зад целата приказна. Е. Г.