Веројатно секој родител би бил разочаран, дури и бесен, ако дознае дека неговото дете се откажало од понатамошно школување.
Но, тоа не важи за еден Американец кој, откако синот решил да го прекине образованието во средното училиште, решил да си купи подарок. Тој се решил на ваквиот потег бидејќи заклучил оти со прекинот на пколувањето на синот ќе заштеди многу пари.
Во таа чест подарокот што си го купил го нарекол „школарина“.
Фотографијата од „подарокот“ е објавена на Редит, а американските медиуми засега не успеаја да дознаат повеќе информации за случајот.