Момче од Данди (Омаха), Том Вајт неодамна се пофали со интересно селфи кое веднаш се прошири во социјалните мрежи.
Причината е едноставна, Том сликал селфи додека позади него на клупа се одморале поранешниот Битлс Пол Макартни и милијардерот Ворен Бафет.
Но тоа не е се. Мекартни селфито го ретвитнал и напишал: „Малку се дружам со пријателите“.
Многумина се запрашаа дали Том воопшто знае колку слава и богатство има на клупата зад него, но очигледно не им е позната приказната која стои зад селфито.
иако е фотографијата на Вајт онаа која се прошири по социјалните премиж, првото селфи го снимил 16-годишниот Џејкоб Мареј, кој веднаш ги повикал своите пријатели, сите обожаватели на Битлси, и им соопштил дека Макартни се наоѓа во друштво на милијардерот Ворен Бафет, кој живее во Омаха.
Вајт веднаш дошол до локацијата, во друштво на двајца свои пријатели и ја сними фотографијата која се прошири по Интернет. Кусо разговарале со Пол и снимиле неколку фотографии.
– Не можам да верувам дека го запознав поранешниот член на Битлс. Тоа, буквално, беше целта на мојот живот, вели воодушевениот Мареј.