Советот на општина Центар денеска треба да ги разгледуваат предлозите за подигање на споменици на Борис Сарафов, Петар Чаулев и Методија Шаторов – Шарло.
Имињата и делото на тројцата дејци кои не се доволно популаризирани во македонската историја датираат од времето на Илиндеското востание и Втората светска војна.
Борис Сарафов бил македонски револуционер, раководител и војвода. Чаулев бил учител, македонски револуционер, учесник во Илинденското востание. Методија Шаторов – Шарло бил македонски комунист и национален деец. Шарло непосредно пред Втората светска војна доаѓа на чело на Покраинскиот комитет на Комунистичката партија на Југославија за Македонија
Покрај овие три, чии предлози допрва треба да се разгледуваат, во центарот на Скопје во тек е поставувањето на други три нови споменици.
Споменикот на Христо Узунов на локацијата на некогашен „Ловец“, но и на Димитар Поп Георгиев Беровски на плоштадот „Македонија“ и на Васил Чакаларов на кружниот тек булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов.