На малезискиот дел на островот Борнео, во провинцијата Сабах, припадници на терористичката исламска група Абу Сајаф убија еден, а ранија и киднапираа уште еден полицаец, двајцата припадници на крајбрежната стража.
Нападот го извршиле осуммина маскирани терористи, кои по инцидентот се вратиле во базата што се наоѓа на југот на Филипините.
Ова е еден од серијата напади и киднапирања што терористите, стационирани на југот на филипинскиот остров Минданао го извршија на малезиска територија. По зајакнатото присуство на американската морнарица и копнена војска во јужниот дел на филипинскиот архипелаг, овозможено по договорот за воено сојузништво меѓу Филипините и САД, активностите на групата Абу Сајаф се насочија кон киднапирања и напади на летувалишта во Малезија.
Абу Сајаф е огранок на Ал Каеда во југоисочна Азија, а најмногу регрутира припадници од Малезија и Индонезија. Според потврдени разузнавачки информации од Манила, во два кампа за обука групата Абу Сајаф сега има околу 300 вооружени припадници на ова исламистичко радикално крило.