Промоција на балканскиот рис

Од:

Во Зоолошката градина во Скопје денеска ќе се одржи промоција на балканскиот рис – симбол на дивината во Македонија.

Промоцијата е дел Програмата за закрепнување на балканскиот рис, поддржана од проектот „Да го зачуваме синото срце на Европа“.

Предвидени се едукативни предавања  и проекција на документарниот филм „Во срцето на Балканот- барајќи го рисот“. Најмалите ќе можат да цртаат и да се забавуваат.

Учесниците ќе добијат постери, информативни материјали и боенки, а најдобрите сликари ќе бидат наградени со маички, капчиња и марами.

Рисот ги населува густите шуми и тешко достапните области во западна Македонија, пред се во планинскиот појас кој се протега по должина на македонско-албанската граница.  Посериозни закани за рисот се криволовство, намалувањето на популацијата на неговиот плен и деградирањето на стаништата кои ги населува.

Според податоците од последните неколку години, се претпоставува дека во Македонија живеат само 35 до 40 единки на рисот. Најголем дел од популацијата на овој критично загрозен вид се наоѓа во Националниот парк „Маврово“, додека единки од рис се забележани и во Националниот парк „Пелистер“ и во повеќенаменското подрачје „Јасен“.

Балканскиот рис е македонски национален симбол и може да се забележи на дресот на Фудбалската репрезентација на Македонија, на поштенска марка, и на монетата од пет денари.

Би можело да ве интересира

Утре во „Матично“ трибина на Либералниот Институт за законски измени за заштита и посигурна иднина на животните

На дива депонија во Лисиче фрлени одрани животни

A1on

32-годишен кавадарчанец мачел животни, заработи кривична од ОЈО

ВИДЕО: Возач во Виница влече врзано куче, во Штип човек со пушка стрела мачки

A1on

(ВИДЕО) Млад скопјанец удира од земја и повредува мачка – Изживување врз животни во Лисиче

A1on

Илјадници мртви фоки на дагестанскиот брег на Каспиското Езеро

Ана Ололовска