Некои научници тврдат дека Тибеќанците немаат проблеми со разредениот воздух и екстремниот студ затоа што „не се луѓе“, затоа што имаат мистерозна ДНК на групата „Денисовци“ (Denisovans).
Размус Нилсен од Универзитетот „Беркли“ и неговите соработници од лабораторијата за истражување на ДНК во Кина, тврдат дека Тибеќанците припаѓаат на мистериозната група Денисовци и оти не се хомо сапиенси.
Мистериозната ДНК е пронајдена во 2010 година во Русија, а ја открил авантуристот Денис по кој го добиле и името.
Нилсен го истражувал генот ЕПАС-1 и открил дека природната селекција го поддржува неговиот опстанок и продолжување на видот.
Научниците одамна утврдиле дека Тибеќанците функционираат сосема нормално на големи височини и оти со леснотија се движат по „покривот на светот“, додека „обичните луѓе“ таму се чувствуваат лошо и измачено.
Некогаш се претпоставуваше дека по повеќе илјади години генетското прилагодување на ДНК на Тибеќанците е поинакво, но сега се верува дека тие се од групата „Денисовци“ и дека имаат ДНК поинаква од онаа која е својствена на хомо сапиенсите.
Инаку, пред теоријата на Нилсен, американските научници од Универзитетот „Јута“ пронашле десет гени кои им овозможуваат на Тибеќанците да издржат со многу ниско ниво на кислород во атмосферата.
Интересно е дека некои други жители на високи предели немаат својства на Тибеќанците ниту таа издржливост, дури ниту жителите на Андите.