Ракета испукана од јужен Либан падна во северен дел на Израел

Од:

Ракета испукана од јужен Либан падна денеска во северниот дел од Израел без да причини жртви или штети. Израелското воено радио соопшти дека две ракети од типот Катјуша паднале во сектор северно од градот Кирјат Шмона.

Едната паднала врз улица на која немало автомобили во време на нападот. Според армиски претставници цитирани од медиумот, тие напади не изгледаат дека се извршени од Хезболах која го контролира јужен Либан.

– Најверојатно станува збор за мала палестинска организација која сака да изрази солидарност со палестинското движење Хамас, наведува радиото.

Би можело да ве интересира

Бројот на загинати борци на Хезболах може да достигне и до 4.000

Најмалку 17 Палестинци загинаа низ Газа во израелски напади

Елијаху: Не го победивме Хезболах, се согласивме на примирје под принуда

Израел и Либан се договорија: Само официјалните воени и безбедносни сили смеат да поседуваат оружје

Хамас е подготвен за прекин на огнот со Израел

Либанската армија се подготвува да се распореди на југот од земјата по постигнување прекин на огнот