На осаменоста и дојде крајот – пријатели можете да изнајмите и тоа онлајн. Можеби делува како потег на очајник, но сајтот за изнајмување пријатели има половина милион корисници.
Изнајмување пријатели е пракса која прво се појави во Америка, а потоа стана популарна и во Велика Британија.
По цена од 24,95 долари месечно (околу 18 евра), корисниците на сајтот rentafrined.com имаат илјада потенцијални пријатели „на дофат на рацете“.
Како тоа функционира?
Тие кои сакат да го стават своето „пријателство“ на корисниците на располагање, прават свој профил, а дружењето чини меѓу шест и 38 евра.
Упатставата на веб сајтот предупредуваат дека за време на дружењето не е дозволен никаков физички контакт.
Верувале или не, корисници има околу половина милион, а доаѓаат од речиси сите земји во светот.
Платонското пријателство неверојатно е популарно во Бразил, Канада, Америка, а најголем број корисници се млади од големите градови.
Тие кои сакаат да изнајмат пријател, бираат така што пребаруваат профили на некое лице, каде можат да видат и фотографии и основни информации. Потоа со потенцијалниот пријател стапуваат во контакт со испраќање на пораки. Секако, одбраниот „пријател“ треба да одлучи дали сака да го изнајми своето пријателство.
Основачот на сајтот вели дека луѓето бараат друштво од различни причини: да одат на шопинг, на излет, одење на некое место или од изнајмениот пријател да побараат љубовен или некој друг совет.