ВИДЕО: Хрватски туристички филм освои Златна награда во Баку

Од:

На престижниот филмски фестивал „Баку Интернационал Туризам Филм“ кој што се одржа во главниот град на Азербеџан, промотивниот филм на туристичката заедница на Сплитско-далматинската жупанија, „The Heart Of Adriatic“ го освои првото место, односно Златната награда за најдобар промотивен туристички филм.

Хрватскиот филм го режирал Иван Периќ, а истиот е прогласен за најдобар во категоријата кратки промотивни филмови и реклами.

Инаку на фестивалот учествуваа 68 филмови од целиот свет, меѓу кои и од Австралија, Турција, Русија, Словенија, Црна Гора, Србија, БиХ, Италија, Латвија, Португалија, Финска, Данска, Украина и други.

„The Heart Of Adriatic“ е четврто промотивно видео остварување, а на јавноста и беше претставен кон крајот на минатата година.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик