По кафулињата со мачки, кои веќе масовно се отвориja во неколку градови низ светот, во Лондон неодамна е отворен и „алтернативен“ локал за љубителите на глодачите.
На гостите во кафулето им се препорачува пред доаѓањето да се ослободат од фобијата од глодари. Имено, кога ќе се спомене „стаорец“, првата асоцијација обично не е некоја симпатична реплика на лик од Дизниевите приказни, туку створ кој предизвикува исконски страв. А тоа е токму тоа што сакаат да го променат сопствениците на ова необично кафуле, првиот „бар со глодари во британската престолнина“.
Како што пренесуваат британските медиуми, дел од декорот на локалот се и 18 глувци кои слободно шетаат меѓу столиците, а гостите имаат право да ги фаќаат и мазат.
-Глувците се на лош глас уште од Средниот век заради кугата, но и заради епизодата од Големата реа во Викторијанскиот период, објасни за „Дејли мејл“ Матијас Хајвел, менаџер на локалот, чија цел е да го подобрат „имиџот“ на злогласните глодари.
По славните кафулиња со мачки и нешто поегзотичните локали со буфови и рептили, барот со глодачи е на добар пат да стане нов моден тренд за оние кои сакаат да се опуштат со кафе на оригинален начин.
Лондонскоот кафуле, отворено на 24 јуни, веќе бележи завидлив успех, на голема радост на Хајвел кој веќе има во план и нови проекти.