Гертруда Вивер од американската држава Арканзас, вчера го прослави својот 116 роденден и официјално стана најстариот жител на САД, соопшти Геронтолошката истражувачка група.
Според според податоците од пописот од 1900 година, е утврдено дека Вивер е родена во 1898 година, со што таа е втора најстара личност во светот.
Таа е родена во близина на границата со Тексас, се омажила во 1915 година и родила четири деца. Во 104 година од животот се здобила со скршеница на колкот, поради што е пренесена во Дом за стари лица.
Според нејзините зборови, вербата во Господ, напорната работа и љубовта кон сите се клучните фактори за нејзината долговечност.
Е. Г.