Кинеските исцелители наведуваат дека одамна е позната методата за стимулирање на акупунктурните точки на телото.
– Терапијата со оган ги надмина кинеската и западната медицина, изјави терапевтот Џанг, кој ги обучува студентите во неговиот стан во Пекинг. Еден час терапија чини 300 јуани (35 евра).
Исцелителот става на грбот на пациентот смеса од лековити билки кои ги прекрива со дебела газа.
Потоа на газата става запалива течност од вода и алкохол. Потоа газата се запалува и гори на грбот на пациентот.
– Таквиот метод на лекување овозможува пациентот да одбегне хируршка интервенција, изјави Џанг, кој ги лекува странските дипломати и високите кинески официјални лица.
Џанг додаде дека таквиот метод наидува на неразбирање поради стравот од изгореници и наведе дека терапевтот мора да го заштити пациентот од тоа.
Терапијата со оган се состои од верување дека треба да се воспостави рамнотежа меѓу студените и топлите елементи во човечкото тело.