Две близначки, Ана и Луси ДеЦиник делат се – работата, автомобилот, профилот на Фејсбук, па дури и момчето.
– Моментално сме со едно момче. Тројца луѓе се во нашата врска и се делиме, рече Ана, јави „Дејли Мејл“.
– Нам тоа не ни е чудно. Имаме исто момче и сите тројца делиме ист кревет. Тоа е совршена ситуација за еден маж, додаде Луси.
– Имаме ист вкус за се, па логично е дека сакаме и исто момче. Заедно водиме љубов, секој состанок ни е во тројца. Или така или никако, објасни Ана.
Девојките потрошиле повеќе од 240.000 долари на естетски операции кои ги направиле уште послични отколку што се.
Бен Брн (31) ги освои срцата на двете девојки откако на Фејсбук му испратиле барање за пријателство.
– Првиот пат со две девојки ми беше многу тешко, затоа што еднакво внимание морам да посветам и на едната и другата, без исклучок. Што правам за едната, морам и за другата. Моите пријатели мислат дека тоа е интересен проблем, рече Бен.
Со близначките и нивната мајка живее веќе десет месеци и сите добро се согласуваат. Луси вели дека најчестото прашање кое ги прашуват е како Бен се снаоѓа во кревет со две девојки.
– Сфатете го тоа вака, ние сме многу активни девојки и за нас му треба двојна сила, објасни Луси.
Нивната мајка, исто така, е задоволна и рече дека е на негова страна кога близначките ќе се налутат на него. Бен вели дека најлош ден му бил Денот на жената, затоа што секогаш една од нив барем малку е љубоморна.
– Секогаш добивам двојна доза љубов.
Иако многумина ги предупредуваат дека нивната блискост не е здрава, дека тоа ќе им прави проблеми доколку една од нив одлучи да се омажи и да се отсели, девојките велат дека такво сценарио не можат ни да замислат.
– Не можеме да замислиме ден кој нема да го поминеме заедно, рече Луси.