Седумгодишниот Мару, кој живее во Јапонија е најпопуларното куче на интернет, бидејќи од неодамна на социјалната мрежа „Инстаграм“ има повеќе од 868.000 обожаватели.
Неговиот сопственик, Шинџиро Оно ужива да го фотографира и снима поради неговиот лик, кој секогаш изгледа како да е насмеан.
Ова куче и кога се игра, јаде или шета знае да ужива во вниманието кое сопственикот му го посветува.
Мару има и своја страна на „Фејсбук“ и канал на „Јутјуб“ со десетина видео снимки.
Е. Г.