Камионџија уловил полицаец во пребрзо возење, го снимил неговиот обид за лажење и со тоа доби хит на Интернет.
Камионџијата Брајан Минер додека возел низ Илиноис, крај него минал полицаец во полициски автомобил што го возел пребрзо и притоа разговарал на мобилен телефон. Непосредено по ова полицаецот го застанал возачот, а Минер сето тоа го снимил. Освен тоа, патот бил влажен од дождот, а на снимката се слуша и како Минер зборува со полицаецот.
Инаку, полицијата е таа која ги застанува луѓето поради пребрзо возење. Но, на овој невообичаен настан, што е снимен од возачот на камионот, се случило спротивното.
На почетокот полицаецот демантирал, но на крајот, сепак, кажал дека „не обврнувал внимание на брзината“ и дека „не се сеќавал дека разговарал на телефон“.