Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун вчера во Кенија посвои 6-месечно младенче од лав.
Младенчето го нарекол Тумаини, што на кенискиот јазик кишвахили значи „надеж“.
Тоа било пронајдено напуштено во Националниот парк Најроби и ќе биде одгледувано со азилот за напуштени животни во Најроби.
70-годишниот Мун изразил надеж дека луѓето ширум светот ќе може да живеат во склад со природата.