Откриено зошто коалите силно ги гушкаат дрвјата

Од:

Коалите кои непрекинато ги гушкаат дрвјата или пак лежат на гранките не го прават тоа од забава, туку за да преживеат. Научниците со помош на термални камери докажале дека во текот на жештините во Австралија коалите ја користат студената површина на дрвото за да го изладат својот организам.

– Крзното на нивните стомаци е многу потенко отколку на грбот, па затоа тој дел од телото го доближуваат што поцврсто до кората на дрвото. На тој начин може да го изладат своето темо без опасност да дехидрираат – изјавил Мајкл Керни од Универзитетот Мелбурн.

Научниците запазиле дека коалите се задржуваат повеќе на дрвјата кадешто има многу листови, но кога ќе дојдат летните горештини тие се спуштаат пониско. Тоа необично однесување сега има некаква смисла.

Се смета дека стеблата остануваат постудени поради термалната инерција, што значи дека се загреваат и ладат поспоро од нивната околина, и поради тоа што се храната од студените подземни води.

Тим научници ги мереле температурите на четири видови еукалиптуси и еден вид на акација. Откриле дека во деновите кога температирата достигнува до 39 степени Целзиусови дрвјата се постудени за 7 или 8 степени. потоа употребиле термални камери и ја поткрепиле својата теорија.

Оваа студија е само дел од големиот истражувачки проект за ефектите на климатските промени на животните во Австралија.

Би можело да ве интересира

На дива депонија во Лисиче фрлени одрани животни

A1on

32-годишен кавадарчанец мачел животни, заработи кривична од ОЈО

ВИДЕО: Возач во Виница влече врзано куче, во Штип човек со пушка стрела мачки

A1on

(ВИДЕО) Млад скопјанец удира од земја и повредува мачка – Изживување врз животни во Лисиче

A1on

Илјадници мртви фоки на дагестанскиот брег на Каспиското Езеро

Ана Ололовска

Бучавата во животната средина влијае на изборот на партнери кај животните, покажува истражување

А1он