Потрагата по исчезнатиот малезиски авион Боинг 777, со 239 патници и членови на екипажот, кој мистериозно исчезна на 8 март при летот од Куала Лумпур до Пекинг, сега е пренасочена појужно.
Ова денеска го соопшти заменикот на австралискиот премиер Арант Трас кој ги координира спасувачките екипи од Малезија, Кина и Австралија, кои сега имаат задача да испитаат можни траги на околу 60,000 квадратни километри морски длабочини во Индискиот Океан.
Следејќи ги сателитските контакти на исчезнатиот авион, потрагата во следните денови ќе се концентрира на седум релативно помали лакови на океанското дно, речиси 3.000 километри оддалечени од последната идентификувана локација на малезискиот авион.