Најновото истражување укажува дека пеперутките Монарх користат внатрешен магнетен компас кој им помага да се ориентират во текот на годишната миграција од Северна Америка во централно Мексико.
Научниците порано знаеле дека овие величествени пепертутки се ориентираат според сонцето. Одлично се снаоѓаат и по облачно време што научниците ги навеле на заклучок дека имаат вграден магнетен компас.
Тие Монарси ги чувале во простории без дневно светло и покажаа дека нивните движења се поклопуваат со промената на магнетното поле.
Со детално набљудување откриено е дека компасот се наоѓа во антената на пеперутките.
Милиони од овие црно-портокалови пеперутки зимите ги поминуваат во Мексико каде стигнуваат откако ќе прелетаат четири илјади километри.
Студијата објавена е во списанието Nature Communication.