Голем број талибанци на Фејсбук се кријат зад идентитетите на убави девојки за да ги намамат војниците на коалициските сили во Авганистан и од нив да извлечат што повеќе информации, пишува австралискиот весник „Дејли мејл“.
Австралиската Влада им совтуваше на своите војници, но и на нивните семејства и пријатели да бидат многу претпазливи кога „сурфаат“ по социјалните мрежи.
Во соопштението на австралиската Влада се истакнува дека многу припадници на коалициските сили не се свесни за опасностите на кои се изложуваат кога ставаат слики или податоци на Фејсбук.
– Често гледам војници како поставуваат податоци или фотографии со чија помош е можно јасно да се идентификуваат, да дознаат на која единица припаѓаат и каде точно се наоѓаат, рече Питер Ханеј, експерт за информатичка безбедност на Универзитетот Едит Кован.