После електронските цигари на ред дојде и електронски џоинт, идеjа која можеше и да се очекува од Холандија.
Имено, холандската компанија E-Njoint BV разви и произведе прв електронски џоинт во светот.
Се работи за производи со еднократна употреба наменети за забави, музички случувања, барови, клубови и други слични собирања.
Моментално се произведуваат десет илјади еднократни електронски џоинти дневно кои можат да се купат ширум Холандија на киосците и продавниците за цигари, а наскоро и во другиот дел на Европа.