Шест лошо ухранети тигри се пронајдени во зграда во северниот дел на Бангок, Тајланд. Полицискиот службеник Монтри Нипаси изјави дека сопственикот сакал да отвори зоолошка градина, но се претпоставува дека тие веројатно биле наменети за виетнамскиот пазар.
Сопственикот на зградата кој е роднина на осомничениот не знаел дека тој на покривот чува тигри.
Според законот на одгледувачот на тигрите му следат 4 години затвор, заради поседување на заштитени животни.
Тајланд е една од тринаесетте земји каде што овие животни се уште живеат во дивината. Таа се смета за центар за трговијата со заштитени видови во Азија.