Гола Австријка предизвика сообраќајна несреќа во Виена.
Имено, бидејќи немала балкон, жена решила да се сонча на прозорецот на нејзиниот стан. Нејзиниот смел потег го фотографирал студентот Грегор Шкаки, пишува „Дејли Мејл“.
– Мислев дека имам сончаница кога ја видов, изјави Грегор за весникот.
Но, голата жена била причина и за сообраќајна несреќа.
– Бев позади двајца кои се судрија затоа што едниот од нив се загледа во жената, раскажува сведокот за сударот Михаел Кинаст.
Кинаст вели дека слушнал како еден од учесниците во сударот вика по другиот: „Зар не гледаш каде возиш?“.
– Тој му рече: „Извини, бев зашеметен“ и покажа со прстот кон жената. Тогаш тој му одговори: „А, разбирам што мислиш“, ја раскажува Кинаст случката.