Специјалниот пратеник на Обединетите нации и Арапската лига за Сирија, Кофи Анан ќе се сретне со сирсикиот претседател Башар aл Асад.
Посетата следи откако во неделата Советот за безбедност на ОН го осуди артилерискиот напад врз градот Хула во кој загинаа најмалку 108 луѓе, од кои околу 30 деца.
Дамаск демантираше дека стои зад нападот.