Швеѓанецот Феликс Кјелберг на светот му е познат како YouTube ѕвездата PewDiePie, има 24 години и минатата година од реклами и огласи на својот канал – заработил 4 милиони долари.
Тој на својот канал објавува главно бесплатни снимки во врска со видео и мобилни игри и со 27, 7 милиони претплатници има најпопуларен личен канал на светот. Неговите клипови на YouTube до сега имаат собрано повеќе од 4,7 милијарди гледања.
PewDiePie за „Wall street journal“ вели дека понекогаш посакува да не е толку познат. Тој тврди дека би сакал наместо 27, да има само 5 милиони претплатници.
Видео снимките ги прави во својот стан во Лондон, а неговиот канал го води „Maker Studios“, кој „Дизни“ компанијата неодамна ги купи за околу милијарда долари.