Десеттогодишно девојче од Колумбија се породило во локалната болница и на свет донела здраво бебе од 5,5 кг.
Малолетната мајка припаѓа на локалното племе Вава, а непознато е каде се родителите и кој е татко на бебето. Од болницата рекле дека ова било првпат како девојчето за своите десет години дошло на преглед.
Ова не е прв ваков забележен случај во Колумбија, ниту пак таа е најмладата мајка.
На сликата подолу е Лина Ванеса Медина од Перу, која на шестгодишна возраст во 1939 година, со царски рез родила син тежок 2,6 кг и 47,5 цм долг.
Постоел сомнеж дека нејзиниот татко е татко и на детето, маѓутоа бил ослободен заради недостаток на докази. И нејзиниот ментално заостанат брат бил осомничен како и многу други роднини кои го силувале детето за време на верските ритуали кои често станувале оргии.
Но вакви случаи има многу. Само минатата година мексиканка се породила во десеттата, а друго девојче во единаесеттата година.
Се претпоставува дека главната причина за толку младите мајки е тоа што абортусот е нелегален во Колумбија, покрај очигледниот факт дека постојат голем број на педофили. Абортусите се казнуваат многу строго и се применуваат само во случаи кога се загрозени животите на мајката или детето.