Малезиските власти денеска соопштија дека нема да се откажат од потрагата по авионот на Малезија ерлајнс додека не го пронајдат.
– Не можеме и нема да запреме додека не го откриеме, изјави министерот за транспорт Хашамудин Хусеин по повод 100-те дена од исчезнувањето на авионот на лет за Пекинг со 239 луѓе во него.
– Не можеме и нема да ги оставиме семејствата на екипажот и патниците, додаде министерот по критиките за начинот на истрагата.
Тој им заблагодари на Кина и Австралија и на сите држави кои се вклучија во потрагата по авионот.
Во четвртокот седуммина роднини на патници од тој авион добија по 50.000 долари од осигурителни компании кои наведоа дека конечната сума за обештетување ќе ја обезбедат откако ќе завршат операциите за пронаоѓање на авионот.