Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун бара итна примена на спогодбата за прекин на огнот во северно Мали и политички преговори меѓу Владата и туарешките бунтовници, кои и натаму го контролираат стратешкиот град Кидал.
Во извештајот на Советот за безбдност на ОН, објавен вчера, Бан нагласува дека обновувањето на насилството во северниот дел на Мали минатиот месец довело до промена во однос на безбедноста во тој дел од земјата „со ризик за меѓународната безбедност“.
Спогодбата за прекин на огнот, потпишана на 23 мај, ги обврзува двете страни да се придржуваат кон претходната согодба за прекин на огнот од јуни 2013 година.