Пастафаријанизмот, движењето кое претставува пародија на креационизмот и организираните религии, не успеа да биде признато во Австрија како верска група.
Австриските црковни власти, според француските меидуми, го отфрлиле барањето за признавање на оваа вера, која во 2005 година ја основа американскиот физичар, Боби Хендерсон, а чии следбеници веруваат во „Летечкиот шпагети монструм“.
Намерата на Хендерсон била да го исмее креационизмот, изразувајќи верување во натприродното летечко битие создадено од тестенини. Откако неговата идеја ја изнесе во писмото објавено на Интернет, „Летачкиот шпагети монструм“ набрзо станаа феномен и симбол против воведувањето на креационизмот во државните училишта.
Во Австрија оваа група го сврте внимание на јавноста во 2011 година кога на еден од нејзините „верници“, Ник Алм, му беше одобрено правото за возачката дозвола да се слика со цедалка врз главата.
Со оглед на фактот дека на фотографиите за лични документи се прифаќаат верски обележија, Алм својата слика со цедалка на главата ја образложи со припадноста кон „пастафаријанизмот“.