Група стриптизерки од Њујорк организирале изнуда во износ од стотици илјади долари од богати Американци. Стриптизерките на богатите клиенти скришно им ставале дрога во пијалакот, а потоа со договор со шефовите ги наведувале да трошат големи пари во стриптиз клубовите. Мажите биле премногу зашеметени за да можеле да се спротивстават.
Меѓу измамените биле банкар и трговец за недвижности кои оставиле 200.000 долари. Оние кои се обиделе да ги пријават, стриптизерките се заканувале дека приказната за нивното одење во стриптиз клубовите ќе биде изнесена во јавноста. Уапсени се четири жени под сомнение за крадење и измама.