Првиот вицепремиер на Крим Рустам Темиргалиев поднесе оставка, што е усвоена од пратениците на републичкиот Државен совет, јави ИТАР-ТАСС.
Темиргалиев го информирал Државниот совет на Крим дека оставката ја поднесува од лични причини.
Премиерот на Крим Сергеј Аксионов се заблагодари на Темиргалиев за неговите напори и најави дека во иднина ќе врши функција државен советник.
Темиргалиев истакна дека претходно разговал со премиерот за неговиот план да поднесе оставка.