Компанија од Новосибирск во Сибир почна со производство на нов вид чоколадни бонбони со провокативен назив, „Крим. Само пробај да земеш“.
На амбалажата на бонбоните се наоѓа лик, кој потсетува на Супермен во бои на руското знаме.
Додека во позадина има мапа на полуостровот Крим. На рекламните плакати за бонбоните пишува: Дури и кога нашата држава носи тешки одлуки, ние не престануваме да се смееме. Затоа што сме Руси“.
Портпарол на компанијата „Чоколадна традиција“ призна дека бонбоните не се продаваат ништо подобро од останатите.