Антимонополската комисија на Литванија донесе одлука да го казни „Газпром“ со 123,1 милион лити (35,7 милион евра) поради попречување на конкуренцијата на пазарот на гас во земјата.
Комисијата смета дека руската гасна компанија го спречила локалното претпријатие „Лиетувос Енергија“ да купува гас во други европски земји по пониска цена.
„Газпром“ е главен снабдувач на гас за литванскиот пазар и го продава преку локалната компанија „Лиетувос дујос“, во која има 37 отсто од акциите. Уште 39 проценти има германскиот Е.ОН Рухргас.