Бектеши: Ако Бугарија ни наметне такса за рускиот гас, ќе бараме оштета

Од:

Македонија ќе бара оштета од Бугарија и заштита од ЕУ и од Европската енергетска заедница откако источниот сосед воведе транзитна такса за рускиот гас што преку нејзина територија доаѓа до соседните земји, вклучувајќи ја и нашата.

Министерот за економија, Крешник Бектеши вели дека дополнителната такса од 10,76 долари за 1.000 кубни метри руски природен гас испорачан преку гасоводот „Балкански тек“ би ја зголемила цената на гасот што во земјата го користат компаниите, но уверува дека додека е тој министер, нема да дозволи уцена од никого.

„Тоа се, секако, нивни одлуки, внатрешни, не се мешаме во фискалната политика, нотреба да им се каже јасно и отворено дека ако се носат такви одлуки, треба да се носат и други одлуки, каде што ќе се ослободат количините за државите да имаат простор да се снабдуваат од други извори, како што е случајот со Северна Македонија. Реагирав во енергетската заедница и кон Европската комисија и очекувам да се ослободат количините што ги закупил токму „Гаспром“ од бугарската страна. Ако воведуваат такса за природен гас што доаѓа од „Гаспром“, тогаш да ги ослободат и количините што се закупени од страна на „Гасром“ кон Северна Македонија“, рече министерот Бектеши.

Поради ваквото неприфатливо однесување, Бектеши најави дека ќе бара и дополнителна поддршка од Европската Унија имајќи предвид дека другите држави околу нас имаат можност да се снабдуваат со гас и од други извори.

– Во делот на гасоводот со Србија, не се закупени капацитетите од страна на „Гаспром“, а тоа Бугарија го знае. Србија и другите држави можат да користат други извори, освен рускиот гас, за да бидат снабдувани. Во однос на нашата држава, Бугарите сами ги дадоа резервоарите во закуп на „Гаспром“ до 2030 година, освен последните што беа ослободени. Затоа бараме веднаш да бидат ослободени капацитетите и ние да имаме можност да бидеме снабдувани и од други извори, вклучувајќи го тука и Азербејџан – реагираше Бектеши.

Бектеши објасни дека Македонија има право да купува и гас од Азербејџан, како и од други извори, но во таа ситуација Бугарија бара уште еден гасовод од Македонија, која во моментов се снабдува само од едно место кај Крива Паланка.

– Бугарија има барање да имаме втор гасовод. Ние до крајот на годината ќе започнеме со изградба на вториот гасовод со Грција, што е приоритет и е целосно поддржан од страна на ЕБОР, ЕИБ и од нашите стратешки партнери – истакна министерот.

Би можело да ве интересира

Бектеши бара да се репреговара една енергетска инвестиција: Не може два или три пати да се дава државна помош на ист инвеститор

Орце Костов

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Бектеши: Првпат по три децении ќе бидеме целосно независни од источниот дел во однос на снабдувањето со енергенси

Бектеши: За мнозинството граѓани сметките за струја ќе бидат пониски

Бугарија ги укинува таксите за транзит на рускиот гас кон Србија и Унгарија

Орце Костов

Ковачевски: Таксата за транспорт на руски гас низ Бугарија во износ од повеќе од 10 евра за мегават час е нелегална

Горан Наумовски