Три станови, три дуќани, девет автомобили и стотици вредносни ваучери. Со ваква поднуда во вкупна вредност од 400 илјади евра, државата веќе ја спроведува наградната игра „Фискална во рака – награда без мака“. Играта што се финасира директно со буџетски пари ќе се спроведува до крајот на оваа година. Според Владата целта е да се стимулира даночната дисциплнина. Според социолозите и економистите, игрите на среќа се составен дел од едно општество, но и феномен кој треба да се анализира од повеќе аспекти. Дали игрите на среќа организирани од државата стимулираат “паразитизам”, каква порака се праќа до идните генерации, која е економската логиката Владата со државни пари да наградува добитници на игра на среќа?
Коцкање, среќни лозови, фискалани сметки – како до добивка …
Еден стан, еден деловен објект и пет автомобили се доделени во досегашната наградна игра „Фисклана во рака – награга без мака” кој започна пред Нова Година, а ќе трае до крајот на оваа 2014 та година. Играта на среќа, која е финансисрана директно со државни, односно буџетски пари, според Владата треба да помогне во сузбивање на сивата економија. Игрите на среќа се составен дел од едно општество, тие се подем во изминатиот период, но прашање е до каде е границата од која не треба да се оди понатаму и начинот на кој тие се организираат.
„Игрите на среќа се составен дел од едно општество, но ако ние се обидуваме да бидеме здраво општество, односно држава не можеме да зборуваме за поддршка на традиционалните вредности и семејството, а од друга страна да фаворизираме вакви форми, односно треба да се градат основите за да се развиваат и поттикнуваат вистинските вредности. Игрите на среќе во ваков контекст, особено поддржани од државата како систем, може да се сметаат и како “Манипулација со човечките слабости”. – вели за Порталб социологот Славе Младеновски.
Кога државата поддржува и финасисра хазардерство – тогаш се праќа погрешна порака до младите, смета професорката Татјана Стојановска-Иванова.
„Хазардерството е одлика на сиромашните земји. Кога имате состојба на зголемување на процентот на сиромашни луѓе, тогаш се бара начин како најлесно и најбрзо да се обезбедат пари. Она што според мене треба да загрижува е кога институциите на сиситемот го поттикунуваат тој “паразитизам”. Пораката што се праќа е дека на лесен начин, без вложен труд може да се дојде до пари, што само по себе е социјална девијација“, – смета Стојановска-Иванова.
Она што во јавноста предизвика реакции е зошто и по кој основ државата реши со народни пари да финансира игра на среќа. Кога се промовираше циклусот на играта „Фискална во рака-награда без мака“, министерот за финасии Зоран Ставревски изјави дека станува збор за буџет од 350 илајди евра до 400 илјади евра.
„Би сакал да им порачам на граѓаните да ги наполнат рацете со фискални, бидејќи наградите се навистина вредни и бројни. Секојдневно за наградната игра може да се информирате на веб страната на Министерството за финансии и на Државната лотарија на Република Македонија. Целта на наградната игра е на позитивен начин да се подигне степенот на издавање на фискални сметки. И за производ од 5 и за производ од 10 денари да се добие фискална сметка“, изјави министерот Ставрески.
За да учествуваат во играта, граѓаните треба да испратат стандардизиран коверт со 20 фисклани сметки.
„Кај играта на среќа “Фисклана во рака – награда без мака” ние имаме поинаков концепт на игра. Тука станува збор за финасирање со пари од државниот буџет, односно од граѓаните. Државата е таа шо ги финасира наградите, а не преку фонд на фирмата која во случајов е логистика на наградната игра. Тука се поставуваат серија на прашања, како е конципиран целиот систем, зошто се финасира со буџетски пари“, коментираат економиситите.
Социолозите сметаат дека економскиот аспект односно економската оправданост на наградната игра не е доволна да ги затскрие социолошките последици.
„Фискалната дисциплина е едната димензија на проблематиката. Но, од друга страна сметам дека станува збор за негативен дискурс на целиот модел, се стимулираат погрешни модели за младите, кои наместо со сопствен потенцијал, добиваат порака дека можат да добијат награда преку хазардерство“, вели професорката Стојановска- Иванова.
Очекувано е дека граѓаните ќе покажат интерес за еден ваков концепт на наградна игра, но не треба да се заборави дека генерлано, игрите на среќа се одлика и на сиромашните економии.
„Појавата има неколку димензии. Една од нив е зошто луѓето сакаат да играат. Клучната причина е зошто преку играат се надеваат дека ќе стекнат добивка. Игрите се сами по себе феномен, и се додека е прифатлива до одредени граници може дури и да биде со позитивен ефект. Очекувано е да има подем во игрите на среќа. Еден човек за 30 или 50 денари може да влезе во обложувалница или да купи некој награден лоз. Влогот не е голем, но задоволството е големо. Точна е перцепцијата дека “коцкањето”, или потточно би рекол “игрите на среќа” се одлика на сиромашни земји, но од друга страна пак имаме истражувања кои покажуваат дека Франција и Америка вртат огромни суми на пари токму преку игрите“, вели социологот Младеновски.
Наградниот фонд на играта „Фисклана во рака – награда без мака”
Освен становите и дуќаните, содржи и девет автомобили, бројни вредносни ваучери со поеднинечна вредност од три до шеесет илајди денари за различни категории на производи, од бела техника и кујнски апарати, компјутери и компјутерска опрема, велосипеди и опрема, мобилни телефони и прехрамбени продукти.
Анализа на Порталб