Тоалетот на работното место многумина вработени го сфаќаат здраво за готово. Но, не е така секаде во светот и не сите можат своите физиолошки потреби да ги извршат во кој бил дел од работниот ден.
Во некои делови на Тајланд, работниците немаат загарантирани основни услови за работа. На пример, контролорите во автобусите немат право на застанување за во тоалет, па присилени се цел ден да носат пелени за возрасни.
Анкетата покажа дека 28 отсто од контролорите носат пелени во текот на нивната 16-часовна смена. Многумина поради воздржување од одење во тоалет заработиле болести на уринарниот тракт.
Меѓу нив е и ватчарии Вараја, која прво заболе од уринарна инфекција, а потоа и од рак на матката.
– Лекарот ми рече дека тоа е поради нечистите пелени во кои поминував цели денови и се влегувало во матката, рече Вараја.
Вработените во јавниот превоз здруежни во синдикати почнаа да се борат за подобри работни услови – во прв ред, да добијат право на пауза за тоалет и пауза за јадење.