Шерон Браун миела садови како и секој ден, кога видела дека сапуницата има чуден сјај, но тогаш не ни сонувала за што станува збор.
Го повикала нејзиниот сопруг Марк и му покажала што нашла во нивната кујна.
– Го отпушити мијалникот за да може водата да истече и тогаш забележала дека на дното се задржале некои светли зрнца. Ги ставив во чаша полна со вода, но не можеа да се растворат. Беше многу бизарно, изјави Марк Браун од американкото гратче Вајтхол.
Иако брачната двојка помислиле дека нема шанси дека во прашање е злато, хемиските анализи го покажале токму тоа. Нивниот прв сосед Пол Харпер исто така, го забележал скапоцениот метал во водата во неговата бања.
Во градот се наоѓа рудникот Голден санлајн, кој работи веќе 30 години, но нема никакви докази дека водата поттекнува од него.
Граѓаните сега се грижат водата да не е загадена и со други опасни супстанци кои не се гледаат со голо око.
– Ако во нашата вода се наоѓа видлив тежок метал, замислите што уште може да има, рече Марк Браун.
Од Одделението за контрола на квалитетот на животната средина рекоа дека честичките злато најверојатно истеколе од пумпата која е поврзана со цевките која го снабдува градот со вода. Експертите тврдат дека водата не е штетна по здравјето и најавуваат дополнителни тестови.