Русија и врати на Украина 44 бродови и пловни објекти на украинската Воена морнарица кои претходно беа стационирани на Крим, а исто така и целата авијација од кримските воени аеродроми.
– Тоа се две третини од техничкиот состав на украинската флота, изјави извор од руската Црноморска флота.
Тој истакна дека дел од техниката, која би можела да се употреби за водење воени дејствија, засега е задржана од руската страна.
Моментно во Севастопољ остануваат украинскиот команден брод „Славутич“, неколку корвети и подморницата „Запорожје“.