Најнова избраничка на триесет и едногодишниот Кајли Џоунс од Џорџија, е Марџори Мекол, која од него е постара 60 години. Иако разликата во годините е голема, парот открива дека имаат активен сексуален живот и дека не можат да се разделат еден од друг.
-Некои мажи сакаат русокоси, други црнки, а јас сакам постари дами, вели тој и додава дека кога бил на 18годишна возраст за прв пат почувстувал привлечност кон жена која имала 50 години.
И додека како што вели тој повеќето постари жени го одбиваат, бидејќи сметаат дека е премлад за нив, тој се обидува да ги разубеди.
Кајли додава дека брчките го излудуваат и дека не ја сака пластичната хирургија, а Марџори пак открива дека одлично се разбираат.
Е. Г.