Шона Картер Брукс со цел нејзиното едномесечно дете да биде цело време со неа во тек на нејзината венчавка, бебето го ставила на својот невестински фустан и го влечела зад себе.
Се претпостува дека фустанот е дело на познатата креаторка Вера Ванг, која очигледно направила измени во моделот за да обезбеди простор, каде што ќе лежи малата Обри, додека нејзината мајка шета до олтарот.
Меѓутоа фотографиите предизвикаа остри критики и покрај тоа што мајката тврди дека детето било безбедно и дека ги „штител Исус Христос“.
Додека едни од критичарите мислат дека ова едноставно е невкусно, други сметаат дека можело да биде опасно и да предизвика повреди кај бебето.
-Тоа е навистина глупаво – е коментарот на еден корисник на интернет.
Инаку венчавката се одржа минатиот месец, а Шона и Џонатан се уште не сфаќаат што е тоа толку лошо, поради што луѓето ги осудуваат.
Е. Г.